Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Како изгледа комплексот на Трамп по ураганот?

(ВИДЕО) Како изгледа комплексот на Трамп по ураганот?

Комплексот на американскиот претседател, Доналд Трамп на островот Свети Мартин кој вреди 17 милиони долари, оштетен е по ураганот Ирма. 

Невремето го погоди островот со силни дождови и ветар со брзина до 362 километри на час.

Палмите се уништени, а  базените се полни со матна вода. 

Комплексот "Castle of Palms" според многумина е една од надобрите палати на светот, аТрамп со месеци се обидува да го продаде. Најпрвин бараше 28 милиони долари, а во јуни ја спушти цената на 16,9 милиони долари. Сега, се чини дека ќе треба уште „малку“ да ја спушти цената.

Овој објект Трамп го купил во 2013-та година и се претпоставува дека за него платил 20 милиони долари. Пред ураганот, една ноќ во овој комплекс чинела 6.000 долари, а цените за време на Божиќните празници се искачувале и до 20.000 долари за една ноќ.

Комплексот може да смести 20 луѓе, има девет спални соби, фитнес центар, тениско игралиште, а во цената се вклучени и услугите на професионален готвач и курс по голф.


Слично

Поврзани вести