(ВИДЕО) Како да направите сопствен остров? На ОВОЈ човек му успеа!
Веројатно многумина сонуваат да имаат сопствен тропски остров, но екологистот Ричард Сова решил тој сон сам да си го оствари. Тој изградил тропски остров од 150.000 пластични шишиња.
На покривот на неговата куќа на островот се вградени соларни панели и систем за собирање дождовница.
Овој еко-архитект на својот остров додал различни растенија, како и мала градина. Пластичните шишиња се врзани за дрвени палети, а потоа се покриени со песок и земја, па потоа се засадени растенијата.
Корењата на растенијата растат низ вреќите со шишиња, што создава природен систем за поддршка кој го зајакнува целиот остров.
http://www.youtube.com/watch?v=GnLhWpy_nqI
Слично
