(ВИДЕО) Кафуле во кое нема вработени, а сметка плаќаат само чесните!
Во кафулето "The Vault" во Северна Каролина нема ниту еден вработен, гостите сами се послужуваат, а на крајот на шанкот оставаат пари за услугата.
Работата на ова кафуле се заснова врз довербата што сопственикот ја има кон своите гости.
Ова кафуле е еден вид самопослуга - сами си подготвувате чај или кафе, земате пециво, погледнувате колку чини и оставате пари. Поставен е и апарат за картички, така што не мора да се плаќа во кеш.
„Она што е неверојатно е што луѓето се неверојатно чесни. Кога ги собирам парите на крајот на денот, наоѓам некоја сметка и сфаќам дека посетителот оставил и 15% повеќе пари. Жалам што вакви кафучиња не се отворале и порано“, вели Дејвид Брек, сопственик на ова необично место:
http://www.youtube.com/watch?v=KAC64bgRhqU
Слично
