(ВИДЕО) КАДЕ СЕ НАОЃА: Скриена плажа која одзема здив и треба да ја посетите
Playa del Amor, егзотична „скриена плажа“ , сместена на еден од бујните и ненаселени Маријетски острови во Мексико.
Playa del Amor се наоѓа на островот Маријета, на бреговите на Пјетро Ваљарта, а е една од најубавите плажи кои Мексико може да ви ги понуди. Причината е нејзината скриеност - до плажата може да пристапите само пливајќи низ тунел кој го поврзува со Тихиот океан или со едночасовно возење со кајак или брод.

Туненелот кој ја поврзува скриената плажа со Кортесовото море е околу шест метри надморска височина, плажата е зафатена со пештера со огромен отвор кој овозможува продирање на сончева светлина.
Кортесовото море е познато по разниот подводен свет - корали, риби и други морски животни а флората и фауната ја прават оваа плажа навистина совршено место за љубителите на природата.
Постои и песочна плажа за сончање , но и ладовина на која може да се сокриете за време на топлите часови.
Слично
