(ВИДЕО) Каде одат ајкулите кога ќе ја „намирисаат“ смртта
Научниците од Универзитетот Плимутс Марин Институт открија големи гробишта длабоко во морето каде што одат најголемите морски животни кога ќе почувствуваат дека им се ближи крајот.
На морските гробишта се пронајдени четири видови животни меѓу кои се ајкулите.
Околу секое тело се наоѓаат 50 лешови кои биле во потрага по храна, што дава слика за тоа како морските битија се „рециклираат“ кога ќе умрат.
Истражувачите велат како овој пронајдок може да им помогне да ја откријат судбината на загинатите големи океански животни.
„Направени се многу истражувања за китовите кои загинуваат, но никогаш не го откривме местото каде одат тие животни кога ќе почне да им се ближи кајот“, изјавил Ник Хајгс за BBC.
Истражувачите велат дека остатоците од тие животни произведуваат четири посто од вкупната храна која ја користат морските животни.
Телата на животните се откриени помеѓу 2008 и 2010 година на подрачје од еден квадратен километар морско дно на кое се наоѓаат.
