(ВИДЕО) iPhone 6 и iPhone 6 Plus на вистински тест за издржливост
Откако денеска на интернет се појави едно аметерско и помалку непланиран „дроп тест“ за iPhone 6, сега имаме шанса да го видиме професионалниот тест на издржливост на кое се најдоа iPhone 6 и iPhone 6 Plus моделите. Како што покажува видеото, доколку телефоните паднат на позадината, ќе завршат со неколку козметички оштетувња на алуминиумското куќиште (доколку не користите заштитна фотрола). Падот на телефонот на една од страните ќе предизвика повеќе оштетувања.
Поголемиот iPhone 6 на тестот завршил со напукнат екран, додека помалиот модел преживеа, но можеби само на среќа. Кога е во прашање падот на телефонот на екран, морате сами да го погледнете како помина јонски-зголемениот дисплај. После овој тест, не можеме а да не запрашаме, како iPhone 6 се снајде на тестот со екран од сафир, кој долго се споменува во гласините како можна опција за дисплеј на овој уред.
