(ВИДЕО) Индиец има 120 години и тврди дека тајната на долговечноста е многу едноставна
Индиски свештеник има 120 години и сака да влезе во Гинисовата книга на рекорди како најстара жива личност на земјата. Тврди дека својата старост ја дочекал благодарение на јогата-и апстиненција од секс.
Свами Сивананда, според податоците од пасошот е роден на 8 август 1896 година. Во Индија е славен, а тврди дека цел живот апстинира од секс. Исто така, не користи никакви лекови, јаде храна без зачини, а секојдневно вежба јога.
„Дисциплината е најважна работа во животот. Со дисциплина може да се победи се, сите навики во хранење, сексуална желба. Да ги контролираме своите потреби е најголема уметност во животот. Живеам толку долго бидејќи материјалните работи не се важни и не ме прават среќен“.
Роден сум во сиромаштија и никогаш немав големи потреби во животот. Луѓето денес се несреќни, нездрави и станаа нечесни што многу ми е жал. Сакам луѓето да бидат среќни и здрави и во мир со себе и светот“, рекол.
Свами е висок само 1,58 метри, никогаш не спиел во кревет ниту користел перница-спие на под на душек, а како перница користи цигли. Луѓе од целата земја му доаѓаат во посета и бараат совети од него.
„Порано не сакав да излегувам во јавност бидејќи тие работи немаат никаква цел во животот, но моите следбеници би биле многу среќни, кога моето име би го виделе во Гинисовата книга на рекорди“, заклучува Свами.
