(ВИДЕО) ИГРА НА СУДБИНАТА: Оваа песна го прослави Џорџ Мајкл пред 32 години-на тој ден и почина!
Легендата на поп музиката Џорџ Мајкл почина на 25 декември во 53-та година од својот живот.
Во кариерата испеа бројни песни. А сигурно, еден од неговите хитови е и „Last Christmas“.
Мајкл оваа песна ја изведе како член на групата „Wham“ прв пат во 1984 година, кога и ја виде светлината на денот. И ден денес оваа песна ја слуша цел свет.
Спотот за хитот „Last Christmas“ има повеќе од 220 милиони прегледи на Јутјуб.
Најпрво како член на дуетот „Wham“, а потоа и како соло пеач, Мајкл постигна голем глобален успех со својата единствена поп музика обоена со соул.
Продал преку 100 милиони носачи на звук ширум светот, вклучувајќи 12 првопралсирани синглови и 9 првопласирани албуми на топ листите на Обединетото Кралство, како и 10 првокласни синглови и 2 првокласни албуми на американските топ-листи . Својот деби албум „Faith“ од 1987 година до денес е продаден во 20 милиони примероци.
Благодарение на сето тоа, Џорџ Мајкл е пеач чии песни најмногу се пуштаа на британските радио станици во претходните две децении, од 1984 до 2004 година.
