(ВИДЕО) Идеално за вашата канцеларија: Еспресо каде и да се наоѓате!
Најновиот инструмент за подготвување на еспресо кафе се вика Минипресо и ќе се појави на пазарот во почетокот на 201 година. Овој апарат доаѓа од Хонг Конг, а го измислила стартап компанијата Wacaco а неговата посебност е во тоа што за него не е потребна електрична енергија, туку се движи рачно. Практичен е за патување, излети, канцеларија.
Во апаратот се става кафе и врела вода, и се што е потребно за да се добие шолја вистинско еспресо е да ја притиснете пумпата на него, помеѓу 13 и 28 пати, во зависност дали сакате кратко или долго еспресо.
Рачната пумпа го подига притисокот со кој водата доаѓа до комората во која стои кафето, на 8 бара, што произведува шолја кафе од совршена температура од 66 степени Целзиусови.
Минипресото е со висина од 18 сантиметри и тешко нешто повеќе од 400 грама, што го прави погодно за носење во торба, а вистинските љубители на доброто кафе тоа ќе умеат да го почитуваат.

