(ВИДЕО) Глава во облаци – пристига новиот авион без прозорци!
Британска фирма објави фотографии од својот концепт „авион без прозорци“. Наместо прозори, патниците ќе гладаат екрани кои го прикажуваат она што е надвор.
CPI е фирма која се наоѓа на североистокот од Англија и која верува дека оваа идеја ќе ги направи класичните авиони надминливи.
Овие авиони би требало да бидат многу полесни, а бидејќи авиокомпаниите се борат да заштедат пари и гориво, цената е една од нивните најголеми предности. Лесен авион ќе троши помалку гориво и ќе создава помала емисија на јаглерод диоксид, што е важно и за околината.
Меѓутоа, внатрешноста на авионот би можела да се користи и за осветлување, слика на самракот или излегување на сонцето на долги патувања.
Француската дизајнерска агенција ги објави првите нацрти на авион без прозори во август на Ixon Windowless Jet. Иако не постојат цврсти планови да се направи овој авион поради фактот дека се поголемброј компании сакаат да направат ваков авион, само е прашање кога тоа ќе се случи.
Компанијата „Spike Aerospace“ планира во промет да пушти ваков авион кој ќе лета од Њујорк до Лондон 2018 година.
Иако многумина сакаат прозори во авиони, експерти велат дека тие се покажале како бескорисни. Во случај да откаже некој дел од авионот, ништо не се гледа додека не се погледне во сржта на проблемот, велат пилоти а пишува Раша тудеј.


