(ВИДЕО) ГИ ИМА ДОВОЛНО ЗА СИТЕ: Ова се најдобите плажи во Грција за 2017 година
Брегот на Грција е најдолг во Медитеранот и 10-ти во светот. Тој е многу разновиден и нуди богата палета на бои и рајски предели.
Грција ги има едни од најчистите крајбрежни води во Европа, што ја прави исклучително привлечна дестинација за туристите од целиот свет.
Земјата е стратешки лоцирана на раскрсницата на Европа, Азија и Африка. Грција има помеѓу 1200 и 6000 острови, од кои само 227 се населени.
Позната е како земја со неверојатна убавина, едно од најпопуларните летувалишта и погодно место за градски туризам.
Постојат голем број на космополитски острови во Грција со неверојатни плажи вредни за посета. Најдоброто од Грција ги претставува најдобрите плажи кај нашиот јужен сосед за 2017 година, кои можете да ги видите во видеото:
