Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО-ГАЛЕРИЈА) Се отворија портите на Детското Кралство!

(ВИДЕО-ГАЛЕРИЈА) Се отворија портите на Детското Кралство!

Вчера вечер витези и принцези го окупираа Скопје. Се’ започна во Скопје Сити Мол, кога вратите од поставениот замок  се отворија и приказната започна.

[gallery ids="172449,172450,172451"]

Во улоги на дами, принцези, витези и принцови беа најмалите кои облечени во специјални костими од средновековниот период се бореа за чест, трон и титула. Многу насмевки, возбуда, среќа и адреналин можеа да се забележат кај децата, кои повеќе од се’ беа импресионирани од приказната и игрите од средновековниот период.

[gallery ids="172452,172453,172454"]

„Детско кралство“ е меѓународна интерактивна изложба за деца од 6 до 11 години и претставува симулација на животниот стил во средниот век. Исто како и во книгите, децата од вчера веќе имаа можност да го доживеат светот на храбрите витези, да пропатуваат назад во времето, да учествуваат во херојски битки. Главен дел од оваа атракција е средновековниот замок, катапулт, змеј, знамиња, штитови и оружја преку интерактивни детски игри и турнири.

[gallery ids="172456,172455,172458"]

Скопје Сити Мол ги повикува сите деца и родители, да го посетат трговскиот од денес па до 15ти септември, да доживеат едно комплетно ново искуство со повеќе забава и многу возбуда како никогаш досега.

[gallery columns="5" ids="172463,172462,172461,172460,172459"]

Скопје Сити Мол, се’ што сакам од игра, забава и едукација.

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/btuijp2rVuU[/embed]
Слично

Поврзани вести