(ВИДЕО-ГАЛЕРИЈА) Се гради најголемиот хотел на светот
Мегахотелот кој ќе се гради во австралискиот град Кернс ќе нуди 7500 соби за коцкарите ширум светот, пишуваат денеска локалните медиуми.
Aquis Great Barrier Reef би требало да биде најголемиот хотел на светот и таа титула треба да му ја превземе на московскиот хотел „Измаилово“ кој исто така има 7500 соби, но помалку останати содржини за гостите.
Голем ресорт со казино ќе се изгради на земјиште од 314 хектари северно од Кернс, близу до Големиот корален гребен, во еден од најтоплите делови на крајбрежна Австралија.
Проектот вклучува неколку згради, казино и голем аквариум, наведуваат медиумите.
На овој линк може да погледнете подетално за хотелот.
Слично




