Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО-ФОТО) Вибер доби три нови опции: Поради нив ќе заборавите на „whatsapp“ и “facebook messenger“

(ВИДЕО-ФОТО) Вибер доби три нови опции: Поради нив ќе заборавите на „whatsapp“ и “facebook messenger“

Вибер една од водечките глобални апликации за размена на пораки, наскоро ќе ја претстави својата надградена верзија, која на корисниците ќе им понуди три нови функции на нејзината платформа. Оваа верзија ќе содржи целосно нови инстант видео пораки, екстензија за допишување која на корисниците им овозможува пристап до услуги од останати понудувачи и брзо пребарување на стикер пакети, како и редизајнирани емотикони-со нов , забавен изглед.

Инстант видео пораки

Со краток допир и притискање на копче, корисниците ќе бидат во можност да снимаат видео порака за своите пријатели. Оваа нова функција е вградена во рамки на допишувањето, и и се пристапува со кратко повлекување со прстот преку копчето за гласовна порака. На тој начин, корисниците ќе можат лесно да се префрлат помеѓу гласовна и видео порака, што ќе им овозможи да разговараат со своите пријатели на начин на кој во тој момент најмногу им одговара.

Инстант видео пораки на Вибер се претставени како циркуларно видео и се ограничени на 30 секунди траење-правајќи ги лесни, прости забавни за употреба.

Екстензии за допишување


Корисниците наскоро ќе имаат можност да им пристапат на услугите на надворешни понудувачи директно по пат на Вибер.Надоградената верзија ќе биде претставена во соработка со Giphy, Wikipedia и TheMovieDB - со редовен прилив на нови партнери во претстојниот период.

Пристапот до овие услуги е многу едноставен: корисниците со допир на “@“ ќе може да гo изберат името на услугата, проследено со знак прашалник за пребарување. Дополнително ќе им биде овозможено на ист начин да им пристапат и виберовата збирка забавни стикери. Со прост допир на @ сткерс или симболи @, ќе им биде овозможено моментално пребарување на нивните омилени стикери.

„Виберот претставува платформа богата со функции, кој овозможува нашите корисници да комуницираат на повеќе начини меѓу себе. Инстант видео пораки ќе нудат лесен и непосреден начин за допишување, а додавање на екстензии во допишувањето е обезбедено со пристап на широк избор останати услуги, кои дополнително ќе го збогатат нивното корисничко искуство по пат на Вибер“, изјавил Мајк Шмилов, главен оперативен менаџер на компанијата Вибер.

„Ќе настојуваме , преку овие функции, да претставиме уште услуги од разни понудувачи, и сме заинтересирани да дознаеме како развојните тимови на програмери планираат да ги поврзат нивните производи со Вибер.

Редизајнирани емотикони


Како додаток на спомнатите нови функции, Вибер ги редизајнирал сите емотикони, кои се достапни на неговата апликација. Новите прикази се дизајнирани во рамна, разнобојна естетика која визуелно ги издвојува и прави неспоредливо забавни за употреба.

Овие иновации ќе им понудат на корисниците на Вибер значање на практичните начини да останат на врска со своите пријатели и контакти, и ќе отвори платформа за уште повеќе можности за додавање на услуги од останатите понудувачи.

Надградената верзија ќе биде достапна на Андроид и iOS оперативните системи. 

Погледнете го видеото:



Слично

Поврзани вести