Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО-ФОТО) РАЈ НА ЗЕМЈА: Влез на оваа плажа ќе ве чини 100 долари, кога ќе видите зошто-ќе се воодушевите

(ВИДЕО-ФОТО) РАЈ НА ЗЕМЈА: Влез на оваа плажа ќе ве чини 100 долари, кога ќе видите зошто-ќе се воодушевите

Приватната плажа на Аруба е идеална локација за сите љубители на кристално тиркизното море, пространи песочни плажи и дружење со елегантно розеви птици...

Островот Аруба кој се наоѓа во Карипското море може да се пофали со бројни активности, како и преубави ресторани, а посебна атракција претставуваат две плажи...


Една е наменета за семејства со деца, а друга е „само за возрасни“, воедно и најатрактивна бидејќи таму слободно шетаат фламингоси.

Токму тоа e и „мамката“ за сите туристи кои ја користат секоја шанса на социјалните мрежи да го промовираат кристално чистото море, бел песок и средба со необични птици.


Фламингостите на оваа плажа толку се навикнале на луѓето што целосно се припитомиле и уживаат во нивно друштво.


Одлична работа е што не мора да бидете гостин на ресортот како би ја посетиле оваа приватна плажа, но за ова задоволство мора да издвоите поголема сума пари.

Имено, дневна карта за возрасни изнесува 99 долари, но вклучува и ручек, коктел за добредојде...

Цифрата е доста голема, но тоа не ги спречува љубителите на фламингоси и прекрасна природа да поминат цел ден во вакво навистина, рајско опкружување.


Слично

Поврзани вести