Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО-ФОТО) Пекол на земјата: Данакилската пустина

(ВИДЕО-ФОТО) Пекол на земјата: Данакилската пустина

Малку места се на светот каде може да се видат толку различни необични природни феномени на едно место како што е Данакилската пустина.

Оваа пустина е едно од најнегостољубивите и најврелите места во Африка. Но, не само во Африка. Температурите на ова место често преминуваат над 60 степени целзиусови.

Помеѓу останатите ова е и домот на вулканот Ерта Але. На локален јазик неговото име значи „планина која чади“, а неговата јужна дупка, од која обично излегува лава, жителите ја нарекуваат „влез во пеколот“. Ерта Але е висок 613 метри и се наоѓа во депресија т.е подрачје под висина на морето.

На ова место афричката тектонската плоча е поделена на два дела, поради што лавата константно излегува од длабочината на површината. Со често дрмање на тлото, вулканот Ерта Але контубнирано еруптира.

Сулфурот го исполнува водухот и воопшто не е необично да се видат и огнени фонтани како се дигаат од земјата.

Покрај вукланот, тука се и огромните волшебните солени рамнини, минерални извори, сулфурни јами, езера од лава и бара од кисела сол.

Оваа пустина „пеколот на Земјата“ не ја прават само сплетот од неверојатни природни феномени.

Недостатокот на резурсите доведува до чести судири на племињата околу водата и земјата - а тие одат толку далеку за да ја заштитат нивната територија со што децата да бидат војници овде е сосема нормална појава.

Оваа необична пустина  National Geografic ја прогласи за најсуровото место на планетата, но тоа не ги спречува многубројните туристи да дојдат да ја посетат и видат со свои очи како изгледа „пеколот“.

Слично

Поврзани вести