Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО-ФОТО) ОВА НЕ ГО МОЖЕ СЕКОЈ: Најопасното селфи направено од врвот на Ајфелова кула

(ВИДЕО-ФОТО) ОВА НЕ ГО МОЖЕ СЕКОЈ: Најопасното селфи направено од врвот на Ајфелова кула

Еден Британец не можел да му одолее на качувањето на врвот на Ајфеловата кула во текот на посетата на Париз, иако знаел дека таа авантура можела да го чини средба со полицијата.

Џејмс Кингстон во својата нова книга „Never Look Down” признал дека во почетокот изгледало „невозможно, неосвоиво ...бидејќи се работи за така посебна градба на која обично луѓето не мислат да се „пентарат“.

The money shot. Full video in bio!

A photo posted by James Kingston (@thejameskingston) on

Меѓутоа, откако со групата туристи дошол до врвот, сфатил дека е прилично лесно да се качи на кулата бидејќи конструкцијата потсетува на џиновска мердевина.

Џејмс успеал да им се скрие на безбедносните камери, да пројде покрај обезбедувањето, да се качи и сокрие, пред утрото околу 9 часот повторно да се спушти на сигурно тло, каде веднаш го уапсила полицијата.

Сеќавајќи се на тоа доживување од октомври 2014 година, овој авантурист напишал дека го дочекале околу 10 полицајци со пиштоли, но дека всушност биле фини и само ја вршеле својата работа“.

Прво заземаа крајно професионален став и рекоа: „Не би требало да го правите ова“, но набрзо не можеа повеќе да издржат...Ме прашаа како било и како успеав тоа да го изведам“, рекол Џејмс.

И покрај тоа што во текот на сослушувањето в станица бил приморан да ги избрише сите фотографии, Џејмс претходно ги зачувал на мемориската картичка во фотоапаратот која потоа ја извадил и ставил во ранец.

Набрзо е пуштен на слобода, со забрана да се качува на Ајфеловата кула од три години.

Џејмс наведува дека „пентарењето“ на врвот му донело чуство на целосна слобода


Повеќе вакви видеа и селфи направени од овој „Луд“ млад британец може да најдете тука.

Слично

Поврзани вести