Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО-ФОТО) Мало станбено чудо од 12 квадрати: Удобен простор во кој може да живеат четири лица

(ВИДЕО-ФОТО) Мало станбено чудо од 12 квадрати: Удобен простор во кој може да живеат четири лица

Eдна француска компанија специјализирана за изградба на мали мобилни куќи неодамна го заврши својот последен проект под името Essen’Ciel.

Куќата е дизајнирана за клеинт кој низа години поминал во караван, па посакал нов мобилен дом кој ќе биде поголем, подобар и поудобен, наведува компанијата на своите Фејсбук страници.


Ова е мал шарен дом на тркала, современо уреден, со мноштво добри дизајнерски решенија кои штедат простор. Со искористена должина од само 6 метри, компанијата успеала да вметне релативно пространа кујна и дневен престој, спална соба и купатило. Како наведуваат, просторот е дизајниран за удобен престој на четири лица. Во прашање е целосно опремена куќа , но во мал простор.

Оваа мобилна куќичка се состои од приземје и поткровје за спиење до кое се доаѓа по скалила од кои првите два скали може да се вовлечат кога не се во употреба поради заштеда на простор.


Во приземјето е сместен мал шарен дневен престој со софа на развлекување, која по потреба може да се претвори и во лежај за две лица, мала работна маса и геометриски модерни полици.

Инспирирајте се:


Слично

Поврзани вести