(ВИДЕО-ФОТО) ЛУКСУЗ НА КВАДРАТ: Иванка Трамп се сели во вила од чиј луксуз боли глава!
Иванка Трамп, најстарата ќерка на новиот американски претседател Доналд Трамп и нејзиниот сопруг Џерард Кушер наскоро ќе им станат соседи на Барак и Мишел Обама во елитната вашингтонска населба Калорама.
Обама уште во мај потврдија дека изнајмиле куќа од 762 квадрати во елитната вашингтонска населба, а само два блока од нивниот нов дом наводно би требало да се досели Иванка Трамп со сопругот и децата. Информацијата ја пренесе The Washingtonian.
Брачната двојка Трамп/Крушер потпишал договор за купување на куќа северно од главниот американски град со агенцијата за недвижнини Washington Properties, пишува магазинот, не наведувајќи ја прецизно населбата во која ќе живеат.
Не е познато дали некогашната манекенка, која има големо влијание врз татко си, е само станарка или е сопственичка на куќата продадена на 22 декември за 5,5 милиони долари во која ќе се досели со семејството.
Споменатата недвижнина во историскиот квартал на Вашингтон има 6 модерно дизајнирани соби и 7 купатила.
Барак Обама и неговата сопруга Мишел претходно најавија дека ќе останат во главниот град на САД како нивната најмлада ќерка Саша би можела непречено да го заврши средното образование.
Калорама е историски квартал на Вашингтон со најголем број на амбасади и резиденции на амбасадори и други претставници на Вашингтон.
Локалните жители навикнале на честа присутност на полицијата и тајните служби во тој дел на градот и сметаат дека со доселувањето на семејството Обама овој крај ќе биде уште побезбеден.













