(ВИДЕО-ФОТО) Колку ќе чинат новите iPhone 7 на Apple?
Компанијата Apple официјално ги претстави двата нови iPhone модели, од ои најевтиниот ќе чини околу 575 евра.
iPhone 7 со екран од 4,7 инчи и меморија од 32 GB ќе биде најевтин овогодишен модел, додека верзијата со 256 GB ќе чини околу 753 евра. Цената на средниот iPhone 7 модел со 128 GB меморија не е позната, но најверојатно ќе биде околу 670 евра.
Од друга страна, почетната цена на поголемиот Plus модел со две камери позади ќе биде околу 682 евра. Секако, во прашање е модел со 32 GB меморија, додека iPhone 7 Plus со 256 GB ќе чини околу 860 евра. Очекуваната цена на средниот модел од 128 GB е околу 770 евра.
Точната цена и датум на појавување на новиот iPhone во Македонија уште не е позната. Продажбата на „Седмицата“ ќе почне од 16 септември во одредени земји, а недела дена подоцна тој број ќе се зголеми.
Да потсетиме, познатиот 3,5 мм влез за слушалки е отстранет од iPhone 7 и сега постои само “lightning” порта која служи за полнење на батеријата, за поврзување со компјутер, а од сега и за слушање музика. Исто така, перформансите на „Седмицата“ се драстично побрзи благодарение на новиот 64 битен quad-core A10 Fusion процесор, како и новиот графичен чип кој е 50 отсто побрз во однос на 6S моделите.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/Q6dsRpVyyWs[/embed]

