Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО-ФОТО) Кога еден крал на нафтена компанија жени син-венчавката изгледа вака!

(ВИДЕО-ФОТО) Кога еден крал на нафтена компанија жени син-венчавката изгледа вака!

Фоларин Алаки, син на нигерискиот нафтен милијардер Фолорунса Алаки, се оженил за иранската манекенка Назанин Џафаријан Гесарифар.

Раскошната венчавка е одржана во британската Блајнајм палата во Оксфордшир претходниот викенд.

Мајката на Алаки, е претседателка на управниот одбор на нигериската нафтена компанија и е најбогата афроамериканка на светот со богатство проценето на 1,7 милијарди долари.

Според медиумските извештаи, венчавката чинела околу 5,7 милиони евра, а неа дошле и бројни славни гости.

Просторт во кој се одржувала венчавката бил украсен со неверојатни милион бели ружи а тортата била висока 3,7 метри.

За цветните аранжмани се погрижил славниот цвеќар Џеф Летам,  на чиј попис клиенти се и Опра и сестрите Кардашијан.


Секој детал внимателно е испланира за да се вклопува со визијата на бајковита венчавка, а менито се состоело од 5 егзотични и скапоцени јадења, вклучувајќи црн дроб од гуска,

најдобар бифтек и крцкави паткини јајца.

 Назанин имала осум деверуши, а носела скапоцена венчаница без раменици украсена со чипка.


После се пресоблекла во проѕирна чипкаста тоалета во која и било полесно да игра.

Ноќта е завршена со неверојатен огномет...

Слично

Поврзани вести