(ВИДЕО-ФОТО) Како на пикник: Руската капсула Сојуз слета на Меѓународната вселенска станица!
Руската капсула Сојуз со тројца астронаути од Русија, САД и Италија, безбедно слета на Меѓународната вселенска станица, соопштила НАСА.
Во вселенската лабараторија стигнаа првата жена астронаут од Италија Саматна Кристофети, рускиот космонаут Антон Шкаплеров и американскиот астронаут Тери Виртс, наведува АФП.
-Новата капсула стигна. Потврдено е дека Сојузот успешно се прикачил далеку над Тихиот океан - објави НАСА на својата телевизија.
Астронаутите стигнале на МВС за нешто помалку од шест часа после полетувањето од рускиот космодром Бајконур во Казахстан.
Тие ќе останат таму до мај 2015 година.
Тројцата астронаути донеле нови залихи храна за астронаутите кои веќе се наоѓаат на МВС. Во нивниот багаж се наоѓа речиси килограм кавијар и апарат за правење еспресо.
Тука се и 15 кутии од по 30 грама кавијар, јаболки, портокали, домати и 140 порции замрзнато млеко во прав и црн чак без шеќер, јавува руската агенција Тас.

