(ВИДЕО-ФОТО) Каде се изгуби најдобриот крем од СФРЈ, на кој нутела „не му e ни до колена“?
Се сеќавате на популарната кравица? Речиси да не постоеше куќа во екс Југославија која немаше барем една таква шолја, или чинија.

Многумина буквално израснаа на тој сладок намаз кој се купуваше и во пакување од три килограми, но знаете ли зошто и како содржината на тој сад исчезна од полиците на продавниците?
За се всушност е „виновна“ нутела, која доминирала на пазарот од своето создавање и се обидела да допре до затворениот југословенски пазар. И така во почетокот на седумдесетите години во италијанската фабрика на Фереро во Италија настана легендарната киндер-лада.
Произведувачите на нутела кремот одлучија да се пробијат на рестриктивниот пазар на СФРЈ со давање на лиценца на копривничката Подравка за новата марка чоколадно млечен намаз-киндер лада.
Еден од условите да се дојде до соработка бил киндер лада да се направи од сировини кои ги употребува компанијата Фереро, со нагласување на посебен вид лешник и млеко. И станала хит-омилен крем на подрачјето на бивша Југославија.
Кога се распадна Југославија, нутела почна да се појавува на полиците на босанските, хрватските, српските, словенските, црногорските и македонските продавници. Фереро одлучи дека киндер-лада веќе не им е потребна, па во 1995 година Подравка престана да ја произведува.
Иако киндер-лада имаше голема продажба, сепак ти ја форсираа својата нутела, која во моментов ја бие лош глас.
