(ВИДЕО-ФОТО) Каде отидоа милионите: Олимписките стадиони во Сочи празни и напуштени!
Само година дена откако милијарда долари се вложени во изградбата и опрема на Зимскиот олимписки парк во Сочи, овој комплекс стој целосно празен. Многу стадиони кои чинеа вкупно 51 милијарда долари, сега се целосно празни и не ги користи никој. Компаниите кои го одржуваат комплексот наводно се борат да опстанат, бидејќи бројот на туристи константно паѓа.
Локалниот новинар Александар Валов истакнува дека Баљшој дворот на мраз, кој ги чинеше руските даночни обврзници 300 милиони долари, барала= дневно одржување кое чини 15.000 долари.
Од церемонијата на отварање на 22-та Зимска Олимпијада, туристите доаѓале, но само да видат „каде отишле многу милиони“.
„Мислам дека луѓето на ист начин ги интересира и Музејот на корупција во поранешната резиденција на соборениот украински претседател Виктор Јануковиќ“, рекол Валов пренесува Индепендент.
Зимската Олимпијада во Сочи која се одржуваше помеѓу 7 и 23 февруари минатата година, наводно била најскапа во историјата.
Стадионот Фишт кој чинеше стотици милиони евра и наводно се користи само на отварање и затварање на церемониите денеска е подложен на повеќе градежни работи во рамки на подготовките за евентуален хостинг во 2018 на Светско Првенство ФИФА.
Во рамките на подготовките Владата ќе потроши 30 милиони фунти за отстранување на покривот на стадионот,бидејќи тоа е во согласност со прописите на ФИФА, објави „Москва Тајмс“.
Можеби тамошните надлежни би требало малку да се загледаат во далечното минато на древна Грција и Рим кога нешто се градело да биде - засекогаш.
Слично
