Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО-ФОТО) Изградил куќа за 170 евра и е феноменална

(ВИДЕО-ФОТО) Изградил куќа за 170 евра и е феноменална
Иако изгледа како во неа да живеат Хобити од Господарот на прстените, ни нејзиниот надворешен изглед, ниту ентериерот не се најинтересната работа во врска со оваа куќа. Она што ќе ве запрепасти е нејзината приказна. Имено, изградбата на оваа куќа , фармерот Мајкл Бак го чинела само150 фунти (околу 176 евра), а при нејзината изградба користел исклучиво природни материјали. Во куќата нема струја, плин или вода, па месечните трошоци се исклучително ниски, што му било главна цел. Куќата е голема околу 30 квадрати, Мајкл ја изградил сам и тоа за само осум месеци, користејќи мешавина од глина, песок и слама. Дури ни за прозорците не трошел пари-користел ветробрански стакла од стари камиони. Иако многумина мислат дека во куќата е студено, овој материјал е одличен изолатор, а плафонот додатно го изолирал со овчја волна како би ја задржал топлината. Секако, во куќата се наоѓа и печка на дрва, а за светлина се користат свеќи и фенери, додека тоалетот е одделен од куќата. Сакав да докажам дека куќите не мора да бидат скапи. Живееме во време во кое ги поминуваме животите отплатувајќи хипотеки, а тоа е нешто во што малку кој ужива-рекол Бак кој планирал да изгради куќа, а да не потроши ниту денар, но сепак пресметал и на крај морал да докупи слама и алат. Бак куќата ја изнајмил, а моменталниот станар наемот го плаќа со свежо млеко и кајмак. Во видео снимката се гледа како напредувала изградбата на куќата: [embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/OEuzqvYqlE4[/embed]
 
Слично

Поврзани вести