Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО-ФОТО) Историски успех: Европскиот робот Филе слета на кометата!

(ВИДЕО-ФОТО) Историски успех: Европскиот робот Филе слета на кометата!

Роботот на Европската вселенска агенција (ESA) Филе денеска слета на површината на централниот дел на кометата, што е прв таков потфат во историјата, јавила Европската вселенска агенција (ESA).

„Се наоѓаме на кометата“  67P/Čurjumov-Gerasimenko“ и многу сме среќни, соопштила  ESA.

Тоа е врвот на десетгодишната мисија на истражувањето на кометата  67P/Čurjumov-Gerasimenko и прв пат опремата за истражување е спуштена на една комета.

Европската агенција наведува дека добила сигнал од лабараторискиот роботски модул Филе тежок 100 килограми кога слетал на ладната површина на кометата наречена 67P/Čurjumov-Gerasimenko.

На овој линк можете да следите во живо што се случува таму.

Слично

Поврзани вести