(ВИДЕО-ФОТО) ИДЕЈА: Како стан од 24 квадрати може да го направите беспрекорно функционален?
Кога стапнете во мала гарсониера на последниот кат од зграда во Барселона, се има впечаток дека станот е празен. Меѓутоа, во само 24 квадрати архитетонското студио „Барбара Аполони“ успеало да ги смести сите неопходни елементи за живот.

Скриено зад наизглед голите ѕидови, ве чека изненадување: целиот стан се крие зад низа врати, кревет под балкон, трпезариска маса што се расклопува од ѕид... Фантастичниот „лего стан“ нема да ви даде да мирувате, бидејќи за да „влезете“ од една просторија во друга, секогаш треба да склопувате и раслопувате.

Мајката на Кристијан била запрепастена со димензиите и состојбата на станот кога е купен, меѓутоа Шалер верувал во потенцијалот на тогаш мрачниот и неуреден простор.

„Мислев дефинитивно можам да живеам во вакво нешто, бидејќи, на крај, што ви е потребно за живот? Потребен ви е удобен кревет, вода, туш и шпорет да си зготвите нешто. Не ви е потребно многу повеќе“, вели Шалер.

Инспирацијата за волшебно смислениот ентериер Шалер ја пронашол растејќи покрај езеро и набљудувајќи ги бродовите во кои е важна добрата организација и заштеда на простор. „Ме инспирираа малите бродови бидејќи во нив ќе видите склопени елементи“, објаснил Кристијан.
Погледнете во видеото како функционира овој фантастичен „стан на расклопување“:
