Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО-ФОТО) „Гугл Магија“: На овој автомобил не му треба волан

(ВИДЕО-ФОТО) „Гугл Магија“: На овој автомобил не му треба волан

Американската компанија „Гугл“ ќе произведе автомобил без волан, бидејќи тој не му е потребен на ова возило, бидејќи се движи самостојно, соопштија денеска од таа компанија. Овој двосед нема да биде во комерцијална продажба , но „Гугл“ се надева дека од овој период од наредната година вакви 100 прототипови ќе се најдат на патиштата, иако нема да се движат со голема брзина (максимум до 40 км/час,) пренесува агенцијата АП.

Производството на автомобилов е природен чекор за Гугл кој веќе премина на стотина илјади километри во Калифорнија со Тојота автомобилните марки “Leksus” и “Prius” опремени со ниски сензори и компјутери.

 Тие автомобили имаат “safety drivers” (сигурносен возач) во случај на потреба, а од новите автомобили тој систем ќе биде елиминиран.
Наместо волан, кочница и педало за гас, најновите автомобили ќе имаа копче за движење и во облика на меури, како би се олеснило движењето кон пренатрупаниот центар на градот.
Најголемата препрека за Гугл, може да биде единствено законот. Тест верзијата ќе има волан и педала, во склад со прописите на Калифорнија.  
Слично

Поврзани вести