Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО-ФОТО) Дали би пробале: „Rolerkoster“ висок коку две Статуи на слободата

(ВИДЕО-ФОТО) Дали би пробале: „Rolerkoster“ висок коку две Статуи на слободата

Овој rolerkoster е висок како две Статуи на слободата, а неговите посетители имаат чувство како да паѓаат од 41 кат на зграда при брзина од 145 километри на час. Се наоѓа во забавниот парк “Siks flegs” во Њу Џерси, а името на оваа застрашувачка атракција е „Зуманџаро“.

Првата видео-снимка од возењето на овој  rolerkoster е поставен на интернет, а на него посетителите вриштат од адреналин, но и од страв.

„Зуманџаро“ е повисок од лондонскиот Big Ben и дупло повисок од познатата Статуа на слободата.

Оваа атракија има највисок и најбрз слободен пад на светот, бидејќи од врвот до дното стига за помалку од десет секунди. Во текот на прославата на Денот на независноста 4 јули, првите туристи имаа чест да го доживеат возбудувањето на „Зуманџаро“.

Тобоганот се состои од три кули, а во секоја од гондолите можат да се соберат осум лица кои до врвот патуваат за само 30 секунди. Ова е проследено со драматична пауза за  посетителите да можат да уживаат во погледот на облакодерите во Филаделфија, град оддалечен околу 85 милји од забавниот парк.

Потоа следи паѓање за време на возењето се достига брзина како женка гепард, најбрзото животно на планетата, додека лови плен.

Слично

Поврзани вести