Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО-ФОТО) Чудо на природата: Езеро кое птиците ги претвора во камен!

(ВИДЕО-ФОТО) Чудо на природата: Езеро кое птиците ги претвора во камен!

Афричкото езеро на северот од Танзанија ја скаменува секоја птица која во него ќе слета. Ова езеро го инспирирало британскиот фотограф Nick Brandt кој на широката публика и е познат по видео спотот за песната „Earth Song“ на Мајкл Џексон.

Како Стиксу, митската река која го раздвојува светот на живите од подземното царство, ова таинствено водено пространство ја скаменува секоја птица која во него ќе ги навлажни крилјата.

Според пишувањето на научното списание „New Scientist“, температурата на езерото Натрон може да достигне дури 60 степени целзиусови, додека алкалноста на водата варира помеѓу pH 9 и pH 10,5. Како што кажува неговото само име, езерото Натрон е преполно со карбонати и натриуми бикарбонат, така да само ги чека своите жртви.

„Ги пронајдов птиците на брегот од езерото. Никој не знае како умреле. Можеби се, збунети од чудниот одраз на оваа вода се забивале во неа како инсекти во стакло“, вели Брант.

Британскиот фотограф одлучил да ги скамени птиците, кои брановите ги исфрлиле на брегот, да ги врати во природна положба и да им подари нов уметнички живот. Брентовата репортажа низ африканските пространства е содржана во неговата книга.

Слично

Поврзани вести