Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Фантастичен изум кој малиот стан го прави три пати поголем

(ВИДЕО) Фантастичен изум кој малиот стан го прави три пати поголем

Тимот за архитектонски проекти од Институтот за технологија од Масачусетс (МИТ) измислил фантастично парче мебел кој прави просторот во мал стан да изгледа дури три пати поголем. Проектот „CityHomе“ е осмислен како одговор на вечниот проблем при недостаток на животен простор во големите градови.

SCREENSHOT MIT Media Lab

„CityHomе“ е автоматизиран мултифункционален елемент со големина на ормар кој содржи кревет, маса која служи како работна и трпезариска, клупа за седење, кујна со се што ви треба за готвење, орман, како и повеќенаменски простор за складирање.

Секој од овие елементи може да се активира со движење на раката, допир или глас. Контролниот систем со вградени камери препознава гестови, а потоа внатрешните мотори безшумно го извлекуваат посакуваниот елемент надвор. Така, без никаков физички напор, со едно движење на раката може да го извлечете креветот или масата, додека со друг гест да ги вратите во почетната положба.

Fantastičan izum koji mali stan čini tri puta većim (6)

Дополнителна предност е што целиот модуларен систем може да се поместува за еден метар со допир на сензорите кои се сместени од двете страни на системот. Тоа овозможува по потреба да се прошири просторот предвиден за мултифункционална просторија од едната страна на системот, додека се намалува купатилото од друга, и обратн.

Импресивниот дизајн е усогласен со необичното светло со кое исто така се управува со движење на раката, па во собата многу лесно може да се создаде посакуваниот амбиент.

Fantastičan izum koji mali stan čini tri puta većim (5)

Главниот истражувач Кент Ларсон објаснува дека „CityHome“ е одлично решение за станови во големите градови каде десетина квадратни метри  чинат и до 1000 долари, па инвестирањето во технологијата е значајно поисплатливо од купување и опремување на поголем стан.

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/f8giE7i7CAE[/embed]
Слично

Поврзани вести