(ВИДЕО) ЕКСПЕРИМЕНТ ВО СКОПЈЕ: Kако реагираат луѓето кога знаат дека некој има ХИВ
Поразителни се резултатите кои покажуваат дека поради страв од предрасуди, во Македонија ниту едно лице со ХИВ не го споделил тоа со јавноста.
Со цел да се срушат овие предрасуди и да се испрати порака, Здружението за поддршка на лица со ХИВ „Заедно Посилни“ направи еден социјален експеримент во Скопје.
„Ги ставивме луѓето во Градски парк во ситуација во која мислат дека имаат физички контакт со лице со ХИВ – млад дечко кој послужува кафе носеше маичка на која стои ‘Јас сум ХИВ позитивен’. Уште повеќе, вклучивме и учесничка која глуми дека е дел од редицата која чека кафе и потенцира дека лице со ХИВ служи пијалаци. Прашањето кое сакавме да го одговориме: Како ќе реагираат учесниците во ваква ситуација?
Резултатите видете ги на видеото.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/PsxkicWEGpw[/embed]