Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Документарниот филм „Шпион“ на Ал Џезеира Балкан во Недела од 17 часот

(ВИДЕО) Документарниот филм „Шпион“ на Ал Џезеира Балкан во Недела од 17 часот

По филмовите „Шест часа до небото – Тоше Проевски“ и „Кобна кота“, Ал Џезеира Балкан го претставува новиот македонски документарен филм-„Шпион“,кој го реализира продуцентската куќа Револушн од Скопје и режисерот Дејан Милошевски.

Се работи за истражувачка документарна приказна која зборува за уцените, трговијата со државни тајни и други афери. Приказната ги следи вистинските случувања во Македонија каде што полицијата уапси група од 20 тина поранешни и сегашни припадници на македонската тајна полиција. Таа т.н шпионска група се занимавала со собирање на информации за безбедносната ситуација во Македонија, за структурата на полициските и воените сили, разговори со странски политичари и странски безбедносни агенции во регионот.

Премиерното прикажување на овај филм на програмата на Ал Џезеира Балкан е во недела на 6 ноември во 17.05 часот.


Слично

Поврзани вести