(ВИДЕО) Дизајниран велосипед имун на кражби
Три чилеански студенти, идни инжинери, направиле велосипед за кој тврдат дека е невозможно да се украде.
Сведен на дизајн, протип на дветркала наречен „Yerka“, неодамна и е претставен на јавноста.
Велосипедот има сопствен систем на заклчуввање. Имено, самата негова рамка служи како катанец. Треба само да се одврти делот од рамката и повторно да се заврти-заклучи околу бандера или дрво.
Евентуалниот крадец би можел само да ги избуши гумите, но секако не и да ги одврти.
Студентите Хуан Монсалве, Андрес Рој и Кристобал Кабело се надеваат дека нивниот велосипед ќе почне да се продава веќе од следната година.
Слично
