Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) „Despacito“ ги урна рекордите: Најслушана песна досега на стриминг сервисите

(ВИДЕО) „Despacito“ ги урна рекордите: Најслушана песна досега на стриминг сервисите

Нешто ни говори дека ќе продолжиме да „џускаме“ во ритамот на латино звуците...

Откако ја слушнавме не престанавме да си ја потпевнуваме, додуша, на некој наш шпански ајзик, но сепак ...Знаете дека говориме за ултра мега хит кој ги освои сите срца, ја подигна летната атмосфера до бескрај и не натера и онака, со латино да мрдаме колкови.

Во прашање е песната Despacito која ја изведуваат музичарите Luis Fonsi  и Daddy Yankee’s која е премиерно пуштена во етер во јануари. Оттогаш песната го достигна врвот на листата во 35 држави и е прва шпанска песна која била број 1 на главната Билбоард листа.

Она што сепак малкумина го очекувале е дека песната дури 4,5 милијарди луѓе ќе ја преслушаат по пат на стриминг сервис за наполни 6 месеци! Despacito така од тронот го симна Џастин Бисер со песната  "Sorry"  која има 4,38 милијарди слушања.

„Despacito” во буквален превод значи „полека“-моментално е на врвот на листата Billboard Hot 100 на која 10 недели е последователно, додека на Јутјуб има 2,7 милијарди прегледи.

Лесни ноти, заводлив ритам и симпатични снимки во изведувањето на други „уметници“ кои кружеа по Интернет допринесоа за голема популарност на песната.

Сепак овој пат ќе ви го пуштиме Despacito во изведба на преинтересни Италијанци.


Слично

Поврзани вести