Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Десетици илјади Мексиканци и дојдоа на роденден - како е можно тоа?

(ВИДЕО) Десетици илјади Мексиканци и дојдоа на роденден - како е можно тоа?

Мексиканката Руби Ибара Гарсија е позната во Мексико, откако на роденденската забава и се најавиле 1,3 милиони гости.

Таткото на девојчето испрати јавна покана на Фејсбук за роденденот. ­ 

„Здраво, како сте? Би сакале да ве поканиме на 26 декември на 15­-от роденден на нашата ќерка Руби Ибара Гарсија“ - напишал таткото на Руби. 

Зафрленото село на северот на земјата, преку ноќ стана атракција. 

Десетици илјади гости од сите краеви на Мексико дошле на забавата на годината во зафрленото село Ла Хоја. Забавата заврши, но не е познато колку чинел роденденот на младата Руби, но сега е јасно колкава е моќта на социјалните мрежи и тежината на изговорениот збор. Нејзиното семејство планирало забава за 800 гости, бидејќи во нивното село има едвај 200 жители.  Од роденденот заработи и локална авиокомпанија, нудејќи билети до селото по промотивна цена. Таткото на Руби денеска кажа дека во иднина два пати ќе размисли пред да напише било што на Фејсбук. 


Слично

Поврзани вести