Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Чорба во Еден на Еден - Тревата е штетна само ако не е квалитетна!

(ВИДЕО) Чорба во Еден на Еден - Тревата е штетна само ако не е квалитетна!

На големо задоволство на публиката пред малите екрани, оваа сабота во 19:15 часот на телевизија Телма се враќа најпопуларното македонско ток-шоу, „Еден на Eден“.

Жаре и оваа сезона во своето студио ќе ги донесе најголемите ѕвезди од нашата домашна сцена, но и најзначајните имиња од регионот.

"Започнуваме со Бора Чорба. Свое појавување во првата епизода ќе имаат и актерот Никола Ѓуричко, фронтменот на Ван Гог - Ѓуле, и нашата млада ѕвезда Антонија Гиговска. Тука се Спасе, Мешевски, цела екипа е подготвена - нека се подготват и гледачите! Во втората епизода гостин ни е Жељко Јоксимовиќ, а имаме и одлични изненадувања за натаму." - изјави Жаре.


Специјално изненадување за сите гледачи ќе биде и исклучително уникатната песна за сезона 8 од Жаре и Еден на Еден ѕвездите - Игор Џамбазов, Тамара Тодевска, Весна Бејби, ДНК, Марјана Станојковска, Роберт Билбилов, Гаро Тавитјан, Илија Карадаковски, Брејк а лег студиото и секако, бендот на Еден на Еден - Пеперминт.

Слично

Поврзани вести