(ВИДЕО) Цел живот берат какао, а никогаш не пробале чоколада!
Веројатно и не го знаете патот по кој пакуваните чоколади доаѓаат до полиците во продавница, но овие работници кои работат на фарма за какао и не знаат дека чоколади и постојат.
Речиси секое второ чоколадо во светот е направено од какао кое се одгледува на Брегот на Слоновата коска, а оние кои се најзаслужни за производство на нејзината основна состојка, никогаш не уживале во овој слаткиш.
Нивното искрено воодушевување кога за прв пат ја пробале секако нема да ве остави рамнодушни, веројатно ќе ви остави и помалку горчлив вкус, баш како и вистинската црна чоколада.
„Да бидам искрен не знам што се прави од плодовите на какао. Слушнав дека го користат за готвење, но никогаш не сум видел. Не знам дури ни дали тоа е вистина“, раскажува еден од фармерите кој цел ден ја работи на високи температури потешката работа.
Друг фармер ја спакува празната хартија во која чоколадата била запакувана, како би му покажал на синот, прераскажувајќи му што пробал денеска.


