Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Брегалница носи се пред себе, затворен патот Штип-Ново Село

(ВИДЕО) Брегалница носи се пред себе, затворен патот Штип-Ново Село
Никој не очекуваше циклонот Давид да предизвика надојдување на водите и нивно излевање. Вода на реката Брегалница не престанува да надоаѓа и како што инфрмираат граѓаните на општината Делчево водостојот се повеќе се зголемува, а брзата река носи се пред себе. На влезот од градот од десната страна реката почнала да се излева и веќе е дојдена 30 метри до куќите кои се наоѓаат во нејзина близина. Критични точки се повеќе населени места по течението на Брегалница и тоа:Делчево, Виница, Чешиново- Облешево, Кочани, Карбинци и Штип. АМСМ информира дека поради излевање на реката Брегалница, превентивно се затвора сообраќајот на патниот правец Штип - Ново Село. Апел до сите граѓани на овие населени места да се обратат до Општините, до регионалните центри на ЦУК на бесплатниот број 195 и Дирекцијата за заштита и спасување.    
Слично

Поврзани вести