Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Бијонсе испеа песна за луѓето кои беа погодени од ураганите

(ВИДЕО) Бијонсе испеа песна за луѓето кои беа погодени од ураганите

Поп дивата Бијонсе ја промовираше песната „Mi Gente”, која ја снимила за помош на жртвите од ураганот Марија во Порторико.

Таа на својот Инстаграм профил напишала дека целата заработка од песната ќе биде донирана на здруженијата „CEMA”, „UNICEF” и „Somos Una Voz” кои им помага на загрозените жители во Порторико, Мексико и другите погодени острови.

Бијонсе на својата официјална интернет страница споделила листа на здруженија преку кои може да се донираат пари, храна, вода, облека, лекови и сè останато што им е потребно на луѓето кои претрпеа штети од ураганите Марија и Ирма. 

Пејачката ја пее оваа песна на шпански јазик. Помош за погодените подрачја стига од повеќе страни. Белата куќа ја координира помошта за Порторико. 


Слично

Поврзани вести