Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Бетмобил одсега може да имате и вие

(ВИДЕО) Бетмобил одсега може да имате и вие

Сон на многумина е да се провозат со Бетмобил, а во годината во која Мрачниот витез го слави 75-иот роденден, познатата компанија Лего одлучила овој сон барем малку да ни го приближи.

Данскиот произведувач на коцки за деца (и возрасни) „го спакува“ големиот „Тамблер“ од филмската трилогоја која е потпишана од Кристофер Нолан во кутија со 1896 дела.

Повеќето коцки очекувано се црни, но тука се и златни некои детали, како и деталниот високотехнолошки „кокпит“. Предните тркала се изработени од гума и посебно се дизајнирани за овој модел.

Секако, во пакет на ова ексклузивно Лего издание стигаат и фигури на Бетмен и неговиот противник Џокер.

Кога се состави, импресивниот „Тамблер“ е долг 40 цм, висок 15 цм, а широк 24 цм. Не е за помлади од 16 години.

Љубителите на аввтомобилите и познатите коцкици со Lego Mini Cooper MkVII ќе бидат во можност да го стават и Бетмобилот за 199,99 долари во САД или нешто повеќе од 200 евра во европските продавници.

Слично

Поврзани вести