Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Автомобили кои кочат наместо вас!

(ВИДЕО) Автомобили кои кочат наместо вас!

Се повеќе произведувачи кои во своите автомобили нудат различни системи за автоматско кочење во случај на опасност од судир, а во некои модели оваа технлогија веќе стана стандарден дел од опремата.

Во последните неколку години безбедносниот пакет на новите модели на автомобили се почесто содржат и некои од бројните системи на автоматско кочење со цел избегнување на контакт со друго возило или пешак.

Овие системи се засноваат на камери и сензори кои се наоѓаат на предниот дел на возилото, во маската на кулер или браникот, или во кабината пред ретровизорот. Кога периферниот уред детектира опасност од судир обично најпрво го предупреди возачот со звучен или визуелен сигнал, а во слулај на отсуство на реакција компјутерот ја презема работата во свои раце и автоматски ја активира кочницата.

Во зависност од брзината на движењето на возилото, системот служи да го запре автомобилот пред да удри во возилото напред, или во најлош случај да на намали брзината пред судир како би се ублажиле последиците од несреќата по патник.

Некои системи функционираат само при мали брзини, до 30 км/ч и тие се предвидени да спречат судир во градско возење. лпга поради гужва автомобилите често се движат во колони во режим запри-тргни.

Другите системи се во состојба да предупредат или да го ублажат судирот при брзина и до 80 км/ч, а постои и такви, во помал број, кои функционираат и при големи брзини кои се движат на автопат.

Овие технологии и понатаму воглавно се доплатна опција, иако некои произведувачи како што е Волво или Волксфаген во новиот Голф, ги вградуваат како стандардни елементи на опрема.

Британскиот WhatCar снимил видео во кое накратко е објаснето како функционираат системите за автоматско кочење во случај на опасност од судир:

Како организации кои се занимаваат со испитување и оценување на безбеднсота на автомобилот, како што е EuroNCAP, се повеќе инсистираат на системи активни на безбедност, а прашање на време е кога оваа технологија ќе стане стандареден дел од опремата на новите автомобили, како што тоа се денес воздушните преничиња, ABS или ESP системи.

 
Слично

Поврзани вести