Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Астериод „ѕвер“ ќе помине покрај Земјата на 8 јуни

(ВИДЕО) Астериод „ѕвер“ ќе помине покрај Земјата на 8 јуни

Астероид толку голем, што научниците го нарекоа „Ѕвер“ ќе помине близу до Земјата во текот на овој викенд, но нема опасност од неговиот удар.

Огромниот астероид 2014 HQ124 кој е голем колку еден фудбалски стадион ќе помине покрај Земјата на 8 јуни со брзина од 50.000 км/ч, но на безбедна далечина три пати поголема од оддалеченоста на Месечината.

„Ѕверот“ е 10, а можеби и 20 пати поголем од астероидот кој се распадна над Сибир минатата година. Она што ги загрижува научниците е фактот што овој астериод не е забележан до 23 април.

Кога астероид со ваква големина би удрил во Земјата, највероватно би дошло до глобална катастрофа.

Слично

Поврзани вести