Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) А ЗА БАКШИШ...НАСЛЕДСТВО: Насмевката на една келнерка и донела неверојатен подарок!

(ВИДЕО) А ЗА БАКШИШ...НАСЛЕДСТВО: Насмевката на една келнерка и донела неверојатен подарок!

Пензионираниот Волтер Сордс, 89-годишниот воен ветеран, редовно го посетувал ресторанот Лубис во Тексас, но никогаш не бил гостин за пример.

Волтер бил намќор, груб и навредлив, но Мелина Салазар 7 години го услужувала со насмевка на лицето бидејќи знаела дека неговата горчина потекнува од осаменоста.

Еден ден Мелина забележала дека Волтер повеќе не им доаѓа во ресторанот, а набрзо потоа ја видела и тажната вест.

Неколку месеци подоцна во посета и дошол неговиот правен застапник и и соопштил дека напорниот дедо и оставил во наследство 50 000 долари и автомобил во знак на благодарност што кон него секогаш била фина и љубезна и покрај неговото однесување.

Иако ова се случило во 2007 година, Мелина тоа и денес го прераскажува, бидејќи тоа за неа било шок кој и донел солзи во очите. Таа на овој несекојдневен настан најчесто се сеќава најчесто пред божиќните и новогодишните празници.

„Секогаш имајте насмевка на лице, дури и за оние кои не ви се смеат. Никогаш не знаете колку позитивниот став може да влијае на нечиј живот, колку тоа може да му биде важно“, рекла среќната добитничка.

Слично

Поврзани вести