Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВФП ФОНД МЕНАЏМЕНТ АД СКОПЈЕ доби лиценца за основање на Друштво за управување со доброволни пензиски фондови

ВФП ФОНД МЕНАЏМЕНТ АД СКОПЈЕ доби лиценца за основање на Друштво за управување со доброволни пензиски фондови

На ден 31.05.2022 Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување - МАПАС издаде дозвола број 4 за основање на друштво за управување со пензиски фондови на Друштво за управување соотворени и затворени инвестициски фондови ВФП Фонд Менаџмент АД Скопје. Заедно со дозволата, МАПАС издаде и условно одобрение број 04-02 за управување со доброволен пензиски фонд.

Со добивањето на лиценцата, Друштвото дополнително ќе допринесе за поголема конкурентност и развој на пензискиот систем, како и повеќе можности за избор во интерес на членовите на пензиските фондови.

Проширувањето на дејноста на работа на ВФП Фонд Менаџмент АД Скопје е доказ за  исклучителната посветеност за развој на  македонскиот пазар и сериозните намери долгорочно да продолжи со градење на успешната приказна во финансискиот свет.

Заклучно со 31.05.2022, ВФП Фонд Менаџмент има вкупно 93 милиони евра под управување, 6200 инвеститори во фондовите, 33% пазарно учество, а ВФП Премиум Инвест е најголемиот акциски фонд во Македонија со преку 38 милиони еврапод управување. 

Слично

Поврзани вести