ВФП Фонд Менаџмент – стабилен раст, доверба и долгорочна визија на македонскиот пазар на капитал
Инвестициските фондови во Македонија сè повеќе ја менуваат перцепцијата дека инвестирањето е резервирано само за поединци со висок капитал. Иако македонските граѓани традиционално се поконзервативни во однос на европските и светските трендови, интересот за професионално управувани инвестициски решенија континуирано расте, што укажува на постепена, но сигурна трансформација на инвестициската култура во земјата.
Најсилен показател за овој нагорен тренд е фактот што вкупните средства под управување во домашната индустрија на инвестициски фондови во 2025 година надминаа 470 милиони евра, согласно податоците објавени на страната на Комисија за хартии од вредност, со што секторот сериозно се приближи до психолошката граница од половина милијарда евра.
Како еден од двигателите на овој раст е ВФП Фонд Менаџмент, друштво кое преку своите резултати успеа да привлече и задржи значителен дел од овој капитал. Но, што конкретно значи тоа за индивидуалниот инвеститор во година на глобални економски предизвици? За тоа како се остваруваат двоцифрени приноси во турбулентни времиња и колкава реална вредност е испорачана кон клиентите, разговараме со Андријана Поповска, извршен директор на ВФП Фонд Менаџмент АД Скопје во интервјуто кое следи.
1. Што реализираа клиентите на ВФП Фонд Менаџмент во 2025: кои фондови имаа најдобар резултат, колкав принос или создадена вредност се генерираше за инвеститорите во агрегат, и како ја мерите „успешноста“ покрај приносот?
Кога ја сумираме 2025 година, бројките говорат за година на исклучителна создадена вредност, но и за потврда на нашата стратегија на квалитет. Ако зборуваме за крајниот ефект кај нашите клиенти – во агрегат, создадовме над 49 милиони евра добивка, односно додадена вредност од основање на фондовите па се до сега.
Оваа бројка не е апстрактна: таа се состои од над 31 милиони евра добивка остварена директно преку инвестициските фондови и дополнителни 18 милиони евра преку индивидуалното управување со портфолија. Тоа е капиталот што нашите инвеститори реално го добија како резултат на довербата во нас.
2025 година не беше мирна година. Се соочивме со сериозни глобални предизвици, вклучувајќи го падот на берзите на почетокот на годината предизвикан од воведувањето на царините, како и значителниот пад на вредноста на доларот, што директно влијаеа на перформансот на портфолијата. И покрај овие турбуленции, со гордост можаме да кажеме дека нашиот најголем фонд, ВФП Премиум Акции, заклучно со 25.12.2025 година, испорача принос за инвеститорите од повеќе од 10%, нето односно после тековните трошоци на фондот. Во ваква година, тоа е резултат кој е повеќе од феноменален и ја потврдува нашата стратегија на вложување во стабилни гиганти како ASML Holdings, Goldman Sachs, Novartis и многу други.
Слично на него, и фондот ВФП Дивиденда, кој е поизложен на американскиот долар и со тоа повеќе погоден од валутните движења, покажа исклучителна отпорност и испорача нето годишен принос од над 8%, заклучно со 25.12.2025. Ова се бројки со кои и ние како компанија, а што е најважно и нашите клиенти, сме исклучително задоволни.
Сепак, за нас во ВФП Фонд Менаџмент „успешноста“ не се мери исклучиво преку процентот на принос во една календарска година. Вистинскиот барометар за успех е довербата и стабилноста.
Ние успешноста ја мериме преку фактот што:
- Базата на клиенти расте органски: Само во 2025 година, заклучно со средината на декември, повеќе од нови инвеститори ни ја дадоа својата доверба, со што надминавме клиенти – корисници на придобивките кои ги нудат инвестициските фондови со кои управуваме.
- Управуваме со сериозен капитал: Вкупните средства под управување во Македонија достигнаа милиони евра, а на ниво на групација во регионот управуваме со над милиони евра. Овие бројки јасно зборуваат за сериозноста на нашето работење и капацитетот со кој располагаме на регионалниот пазар.
- Креираме кадар: Инвестираме во луѓе бидејќи знаеме дека супериорните резултати доаѓаат од супериорно знаење.
Накусо, 2025 за нас беше година каде докажавме дека и во услови на глобална волатилност, дисциплинираното инвестирање во квалитет носи резултати кои се мерливи, одржливи и пред сè – профитабилни за македонските граѓани.
2. Која е вашата најважна порака за инвеститорите на крајот на 2025 – што да не прават и што да прават во 2026?
Нашата порака за 2026 е кратка и јасна: Дисциплина пред емоции.
Она што инвеститорите не треба да го прават е да се обидуваат да го „погодат“ пазарот (т.н. market timing). Водењето од емоции – страв кога пазарите паѓаат или еуфорија кога растат – е најчестата причина зошто индивидуалните инвеститори остваруваат понизок принос од самиот фонд во кој вложуваат. Статистиката е немилосрдна: ако поради тргување или калкулации ги пропуштите само неколкуте најдобри денови на берзата во текот на годината, вашиот краен резултат драстично се намалува.
Затоа, она што треба да го прават е да инвестираат континуирано. Нашата најсилна препорака е активирање на траен налог за континуирано месечно инвестирање. Ова е најмоќната алатка за инвеститорот бидејќи ја елиминира психолошката дилема „дали сега е вистинското време“. Со трајниот налог, вие купувате и кога цените се високи и кога се ниски, со што ја упросечувате цената на купениот удел.
Најдобар доказ за оваa математика, се клиентите кои редовно месечно уплаќале во нашиот ВФП Премиум Акции инвестицискиот фонд. Клиент кој од самото основање на ВФП Премиум Акции инвестирал фиксен износ од 100 евра месечно на секој први во месецот – без да се грижи за дневните вести или берзанските падови – денес има остварено просечен годишен принос од 8,31%, со датум 25.12.2025.
Или поедноставно кажано, неговите инвестирани 13.200 евра, сега вредат 20.200 евра.
3. Кои се вашите приоритети надвор од приносите на инвестициските фондови– во што најмногу инвестиравте како компанија во 2025 за да бидете посилни во 2026?
Како компанија имаме култура на континуирано инвестирање во развој на својот тим и во таленти. Денес сме компанија со 17 вработени со профили што покриваат сè што е важно за професионално управување на средства: портфолио менаџмент, управување со ризици, усогласеност со регулатива, аналитичари, CFA Charterholders и FRM професионалци. Тоа ни дава стабилна основа и во 2026 година да носиме инвестициски одлуки со дисциплина и анализа, а не под емоции и на база на интуиција.
Од друга страна, реалноста е дека ретко кој самостално одлучува да започне со инвестирање. На луѓето им треба некој кој ќе им даде јасна информација и некој што ќе им објасни што значи ризик, како да изберат продукт и како да ги направат првите чекори без страв. Тука клучна улога има нашата мрежа од 147 инвестициски агенти – не само како дистрибуција, туку како континуирана едукација. Кога ќе се тргне бариерата на „непознатото“, луѓето многу полесно почнуваат да инвестираат, дури и со помали износи, но со план и дисциплина.
Нам ни е важно да оставиме и нешто подлабоко од само добар резултат во инвестициските фондови. Затоа ВФП Јуниор Инвестициски Клуб го гледаме како долгорочна инвестиција во идните генерации. Во 2025 вложивме време во унапредување на програмата за младите да научат што значи план, ризик, трпение и одговорност – затоа што таа основа им служи цел живот.
Целта на оваа едукативна програма, каде што најмладите го запознаваат светот на парите и вложувањето, на начин соодветен на нивната возраст, е унапредување на финансиската писменост и создавање стабилни, информирани млади луѓе кои ќе носат одговорни финансиски одлуки.
