Економија, финансии, бизнис

Контакт

Veritas и Vranec Classic на Стоби со високи оценки од Wines and Spirits

Veritas и Vranec Classic на Стоби со високи оценки од Wines and Spirits

Две наши вина добија високи поени од една од највлијателните вински критичарки Тара Томас, кои ќе бидат објавени во рецензија на магазинот Wine & Spirits (едно од четирите водечки списанија за вино во САД).

Veritas 2015 од линијата Private Reserve од магазинот е оценето како исклучително вино со високи 91 поен, а Томас го опишува виното како силно и црно, со совршена арома, киселост и танини.Ова виное и едно од најнаградуваните вина на Стоби, добитник на 6 златни медали на најпрестижните вински натпревари во светот.

Додека Вранец 2019 од Classic линијата доби одлични 86 поени, и препорака за “Best Buy”. Томас го опишува овој Вранец со арома на модра слива кој во себе ја содржи благородноста на чоколадото, како едноставно и сочно вино, и вели дека е богатство по одлична цена.

Поените за успехот ќе бидат официјално објавени во јунското издание на списанието Wines & Spirits, а ние сме горди што на светот можеме да му покажеме дека во земјава се произведуваат квалитетни вина и дека оваа гранка навистина постигнува интернационални успеси.


Слично

Поврзани вести