Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВЕЛИКА БРИТАНИЈА: Наместо во природа кампуваат во цркви

ВЕЛИКА БРИТАНИЈА: Наместо во природа кампуваат во цркви

На многу луѓе им здодеа додека патуваат да бараат хотел за престој и бараат алтернатива. 

Нов хит се црквите. Организацијата за конзервација во Велика Британија одлучи црквите ширум земјата да ги понуди за кампување, а со собраните пари да ги ревитализира. 

Од 2014 година 7 цркви се вклучени во оваа шема. Ако бројот на кампери расте може да се вклучат уште 5 цркви. 

Дури и познати личности сакаат да кампуваат во верски објекти. 

Од Организацијата за конзервација велат дека прво им било чудно, но оваа идеја се покажала како брилијантна и овозможено е местата да бидат живи. 

Лани во црквите кампувале 650 луѓе, а се надеваат дека оваа година бројот ќе порасне. 




Слично

Поврзани вести