Економија, финансии, бизнис

Контакт

Велес: Кој сака да купи поевтини дрва, мора да го има на список

Велес: Кој сака да купи поевтини дрва, мора да го има на список

Велешани почнаа да се запишуваат за  купување огревно дрво за следната зима во шумското стопанство „Бабуна‘‘ кое е дел од  ЈП „Македонски шуми“.

Пријавувањето на сите заинтересиран и уплатата трае до 15 април годинава, а при тоа тие можат да добијат и попуст од 10 % за сите и 20 % за граѓаните корисници на социјална помош, посочија од шумското стопанство.

„Заинтересираноста на Велешани по оваа одлука се зголеми. Цената ни е сосема прифатлива, за дабово дрво е 2.208 денари, а за бука 2.134 денари за метар кубен. Со ова нашите цени се поевтини од приватните складишта во Велес“, изјави Горан Наунчев, директор на Шумско стопанство „Бабуна‘‘.

Наунчев информираше дека граѓаните кои ќе уплатат пари навреме, до крајот на јуни годинава, ќе ги добијат и огревните дрва. По намалувањето на цените на огревните дрва во велешкото Шумско стопанство досега уплата извршиле 700 граѓани, а  дрва за идната зима се обезбедиле и над 150 социјални семејства.

Слично

Поврзани вести