Економија, финансии, бизнис

Контакт

Веќе може да се купат матрјошки со ликот на Трамп

Веќе може да се купат матрјошки со ликот на Трамп

Во  продавници за сувенири во Москва веќе се нудат матрјошки со ликот на новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп, пренесе РИА Новости.

Случајно или не продавницата, која прва  пушти матрјошки Трамп, е блиску до руското Министерство за надворешни работи. Целиот комплет вклучува 5 кукли претседатели, меѓу кои се двајцата шефови на држави од фамилијата Буш (татко и син). 

Со Трамп е нацртан и слон - симбол на Републиканската партија.

Достапен е и комплет со Хилари Клинтон, на која фигурира и магаре - симбол на американските демократи.

Бидејќи за уметниците Трамп е ново лице, тие не  ризикувале да го цртаат, туку користеле слика, на која политичарот е доста млад.



Слично

Поврзани вести